Македонија
28. October 2016 - 16:19

Обновена третата фасада во Старата чаршија

Промовирана  е целосно реконструираната фасада на третиот објект во Старата скопска чаршија ,во рамките на Проектот за реставрација и конзервација на фасади на објекти во старото градско јадро.

Министерката за култура потенцира дека објектот поседува архитектонско стилски карактеристики од  крајот на 19  и почетокот на 20 век.

При изведбата на  работите покрај користење на наодите на самото место на локацијата, користени се и достапната фотодокументација како и бројни други сознанија од лица и институции- истакна директорката на Конзерваторски центар –Скопје.

Досега во Старата скопска чаршија  се реконструирани три фасади на објекти, а уште две ќе бидат завршени до крајот на годината.