Обновен фудбалскиот терен Градскиот стадион во Тетово
Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска од претставниците на Фудбалската федерација на Македонија го презеде стопанисувањето со обновениот терен на Градскиот стадион во Тетово.
ФФМ покрај обврската за обнова на теренот има обврска да постави и рефлектори за ноќни натпревари на стадионот и според најавите тоа треба да заврши до јуни оваа година. Општина Тетово со јавно приватно партнерство треба да ги обнови трибините, поттрибинскиот простор и другите делови и од овој и од стариот градски стадион за што според одлуката на Владата идниот концесионер мора да вложи најмалку 7,7 милиони евра
- Ова е првпат по дваесет години да се направи некаква инвестиција за градскиот стадион и сакам да се заблагодарам на ФФМ за нивната помош за обнова на теренот и поставување на рефлектори. Ние сме при крај на процедурата за објавување на повик за јавно приватно партнерство за стадионите. Сакам да им посакам успех на сите тетовски екипи што ќе го користата теренот и да побарам од сите граѓани спортски коректен однос да го сочуваме она што го имаме на стадионот и новиот терен, изјави Арифи.
Претседателот на комисијата за натпревари при ФФМ Васко Дојчиновски, рече дека по пауза од околу една година повторно ќе може да се следат фудбалски натпревари на терен според сите барања за одигрувања на првенсвени и куп натпревари согласно критериумите на УЕФА. - По завршувањето на сите активности очекувам дека за околу две години тука ќе може да се одигруваат и меѓународни натпревари, додаде Дојчиновски.
Во однос на граѓанската иницијатива на млади од Тетово за обнова на Спортскиот центар во градот, Арифи најави дека и тука ќе се преземат соодветни мерки.
- Полека, полека, едно по едно. Денеска ете како што гледате по 20 години реновираме стадион. И на спортскиот центар 20 години за жал ништо не е направено така да ќе стигнеме и таму. Сега концесионерот се откажа од стадионите во корист на општината, додека Спортскиот центар има свој концесионер, но ние не оставаме ништо на случајот и веќе имаме физибилити студија и работиме на идејно решение за обнова на Спортскиот центар, рече Арифи.
Од своја страна младите тетовци кои денеска се собраа на Спортскиот центар најавија дека доколку надлежните, општината и концесионерот што го има добиено центарот пред десеттина години и натаму оставаат тој да пропаѓа и да се користи за се друго, а не за спорт и рекреација на тетовци, самите ќе преземат мерки за негова обнова.
- Ако тие за две недели не започнат со работа тука ние сами започнуваме. И сега во наредниве две недели сите оние компании што добија признанија за општествена одговорност може да не очекуваат да им тропнеме на врата и да им побараме помош, рече Александар Мановски од граѓанска иницијатива за обнова на Спортскиот центар Тетово.
Ново на Сител
-
Можноста да се одблокираат преговорите со ЕУ, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори во фокусот на средбата Мицкоски-Туск
-
Зеленски го отфрли планот на Трамп за Украина
-
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
-
Дисциплински мерки за двајца полицајци од „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Груби
-
Мицкоски од Брисел: Нашето место е во ЕУ, да бидеме рамноправна и полноправна членка
-
Едно лице загина, а едно е хоспитализирано во пожар во куќа во Скопје
-
Димитриеска-Кочоска за цените на прехранбените производи: Одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец
-
Во Косово спречен шверц на стока од Северна Македонија вредна 30 илјади еврa