Облачно во поголемиот дел од земјава, на истокот сончево
Времето денеска во северозападниот и централниот дел од земјава ќе биде умерено до значително облачно, а во источните делови сончево. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер во северните делови, а југоисточен на југоистокот. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 6 до 0 степени, а максималната од 3 до 11 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе изнесува минус 3, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре претежно во западните делови во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Потоа до четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Дневните температури во овој период ќе бидат во благ пораст, освен по котлините каде ќе има појава на магла.
Ново на Сител
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош