Облачно, студено со врнежи од снег
За денес синоптичарите најавија снежни врнежи насекаде, но не со ист интензитет. Најмногу снег се очекува да наврне на планините долж јужната граница, и тоа на потегот од Баба, па се до Кожуф, со тоа што Кожув може да очекува и до 40 сантиметри вкупна нова снежна покривка, која нема да биде рамномерна заради пропратниот северен ветер, кој ќе услови формирање на снежни навети.
Од пониските места, најмногу врнежи, но без особено изразен интензитет, очекуваме во Пелагонија и тиквешкиот крај. Таму можеме да очекуваме мало дополнување на снежната покривка. Слаби врнежи се очекуваат и во планинскиот регион долж источната граница.
Наутро ќе биде студено, со температура помеѓу -6°С и -3°С на пониските места, и околу -8°С на повисоките места.
Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност околу -1°С во поголем дел од котлините, а на повисоките места во западниот крај околу -5°С.
Во Скопје се најавува претежно облачно време со повремени, слаби врнежи од снег. Мала е шансата во пониските делови од Скопје да се формира снежна покривка, но затоа на врвот на Водно и повисоките делови на Скопска Црна Гора можеме да очекуваме околу 10 сантиметри снег.
Температура ќе има минимална вредност околу -2°С, а максимална вредност околу 1°С.
Ново на Сител
-
Македонски државјанин возел 205 км на час во Австрија, одземени му се возачката дозвола и автомобилот
-
Активиран „Амберт алерт“ во Грција, киднапирано е девојче
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Трамп: Кај Бајден не се проблем годините, туку неговата способност
-
Најмногу дожд во изминативе 24 часа падна во Штип
-
Андоновски најави укинување на балансерот во фази, за ДУИ и Села тоа е директен напад на Охридскиот договор
-
Друштвото Преспа: Во Албанија етнички Бугари нема
-
Лишена од слобода скопјанка барана со потерница