Облачно со повремени врнежи од снег и дожд
Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 4 степени.
Утре времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација