Македонија
25. October 2023 - 11:59

Облачно со повремен дожд до петок, од сабота сончево и топло

До петок времето ќе биде променливо облачно и ветровито со локални врнежи од дожд. Утре врнежи ќе има претежно во јужните делови и ќе бидат проследени со грмежи. Во петок врнежи се очекуваат кон крајот на денот, особено во северозападните делови.

Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време, соопшти УХМР.

Утринските температури ќе бидат во интервал од шест до 15 сетпени, а максималните дневни ќе достигнат до 28 степени.