Македонија
13. January 2016 - 8:09

Облачно и врнежливо време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините.

Температурата ќе се движи од нула до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени.

Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.