Облачно и свежо време
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со слаб дожд, а на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, а повремено засилен ќе биде особено во западните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од седум до 15 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, претпладне со слаб дожд и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
За време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време. Во недела и во понеделник ќе дува и повремено засилен јужен ветер. Од понеделник попладне се очекува нов влажен бран. Температурите до понеделник ќе бидат во постојан пораст, па така во понеделник на југоистокот на земјата ќе има температури и до 20 степени.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од СПМ
-
САД и Украина го потпишаа договорот за пристап до ретките минерали
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија