Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, додека максималната ќе достигне до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Од вторник времето ќе биде стабилно, претежно сончево со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори