Македонија
4. October 2015 - 19:49

Објектите на велешката градинка ќе добијат нови фасади

Термоизолациони фасади ќе добијат објектите на велешката градинка.. Локалната самоуправа потпиша договор за прекугранична соработка со грција.. Проектот „енерџинет“ освен во Велес ќе реализира во Прилеп и три грчки општини..

Вкупната вредност на проектот финансиран од европската унија изнесува скоро 800 илјади евра.. Со свои пари ќе учествуваат и локалните самоуправи..

Освен поставување термофасади, проектот енерџинет предвидува отворање канцеларија за енергетска ефикасност и подготовка на стратегија за штедење енергија во сите објекти што се сопственост на општина Велес..