Објавено ВИДЕО од моментот на убиството на ракометарот Денис Тот
Вознемирувачка снимка од моментот на физичкиот напад и убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) се појави денеска на каналот на „Ју Тјуб“, на кој се гледа бруталноста на напаѓачите пред скопската дискотека „Привилиџ“.
Тот почина нецели 24 часа после нападот откако во тешка состојба беше примен на интензивна нега на КАРИЛ, на скопската клиника, а двајца од тројцата осомничени полицијата ги уапси и судот им одреди 30 дневен притвор, додека прво осомничениот е сѐ уште во бегство.
Сѐ уште не е позната причината поради која Тот бил нападнат, а сѐ заврши со трагедија откако обдукцијата покажа дека тој имал тешки повреди на мозокот здобиени од ударите и од падот после нападот.
Видеото од безбедносните камери и физичкиот напад врз Тот може да го погледнете ТУКА.
Ново на Сител
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
