Објавено првото видео од кобниот лет на Коби Брајант и ќерка му

Легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант, заедно со уште осум луѓе, загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес.
Иако поради густа магла, видливоста била слаба и речиси немало никакви услови за летање, сепак Брајант решил да полета со остатокот од екипажот. Таа одлука се покажа како погрешна, затоа што пилотот немал добра видливост поради лошите временски услови. Ова можеше да се слушне и од снимките со разговорот со контролната врска воспоставена меѓу пилотот и лицата задолжени за контрола на летови. Прво, хеликоптерот кружел околу 15 минути над зоолошката градина во Лос Анџелес, а потоа се упатил кон правецот во кој требал да се движи.
Откако пилотот бил предупреден дека лета премногу ниско, трганл кон планините во Калабасас и повторно се загубил во густата магла. Поради тоа врската со пилотот целосно се изгубила, а подоцна хеликоптерот удрил во планина и се запалил.
Два дена по трагичната несреќа на социјалните мрежи се појави снимка од хеликоптерот на Брајант, непосредно пред несреќата. Како што можете да видите на видеото, хеликоптерот практично кружи, а пилотот не знае што да прави. Како што изјавил човекот кој го постирал постот, снимката е направено точно 31 минута пред несреќата, а воедно не ни знаел дека го снимал хеликоптерот со кој летал Коби Брајант и уште осуммина.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
