Loading Video...
Македонија
17. March 2021 - 16:56

Објавени точни датуми за пристигнување на вакцините од АстраЗенека

Премиерот со конкретни датуми за стартот на масовната имунизација против Ковид-19. 100.800 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс ќе ги добиеме во два дела. Заев вели дека првата пратка 33.600 дози треба да стигне во земјата на 31 март, а останатата количина 15 дена подоцна. За преговорите со останатите прозиводители првиот човек на Владата очекува помош и од странски политичари.

- Очекуваме и 200.000 вакцини од Кина да стигнат во земјата, во помош со кинеската амбасада во земјата како и нашата во Кина, го чекаме и кинескиот министер за одбрана да ни дојде во посета па да направат напори за што побрзо да стигнат вакцините, рускиот амбасадот е целосно посветен и е во постојана комуникација со МЗ, вели Зоран Заев премиер.

Премиерот Заев како и министерот за здравство со уверување дека сите вакцини кои ќе влезат во земјата ќе бидат безбедни за граѓаните. Филипче немал проблем да го прими производот на АстраЗенека кој веќе е оспорен во повеќе европски земји. Уверува дека ќе ги следат препораките на релевантните инситутции, а утре Европската агенција за лекови ќе ги рагледува случаите со несакани ефекти од АстраЗенека. 

-Во однос на вакцината од АстраЗенека, буквално сите вакцини кои влегуваат и кои ќе влезат во нашата земја ќе бидат безбедни за граѓаните, и експертскиот тим тоа го следи, го контролира, ги прати сите можни известувања од страна на националните агенции за лекови од земјите кои ја користат од страна на СЗО и Европската агенција за лекови.

-Сите експерти од нашиот тим ги пратат и несаканите ефекти од страна на оваа вакцина, одлуките на националите агенции, а ќе се водиме секако според официјалните препораки како на ЕМА, така и на производителот, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче призна дека набавката на вакцините не оди согласно предвидената динамика, но вели била вистинска војна секоја земја да обезбеди што повеќе дози за населението. На прес конференцијата со министерот се после подолг период се појави и претседателот на Комисијата за заразни болести. Караџовски не сакал да биде како турска серија и секој ден да го има на телевизија. Епидемиологот предупреди дека и вакцинираните може да се заразат со вирусот.

Секој може да се зарази во тој период од 7 до 8 недели, колку што е периодот од приемот на првата и втората доза и развојот на имунитет. Секој имунолошки систем е различен, но она што треба да се знае е да не се залажуваме дека по приемот на една доза не може да се заразиме. изјави Жарко Караџовски, претседател на Комисија за заразни болести.

И додека стигнат вакцините состојбата на терен е веќе критична. На болничко лекување има 1135 пациенти и во многу установи пренаменуваат оддели за хоспитализација на ковид болни.