Свет
18. August 2023 - 8:01

Објавени снимки од моментот на уривањето на авионот врз автопат во Малезија, меѓу загинатите и возачи | ВИДЕО

За време на падот на малиот авион што денеска се урна во малезискиот регион Селангор, загинаа 10 лица – осум во авионот и двајца на автопат, соопшти началникот на полицијата Хусаин Омар Кан.

Објавени се снимки од моментот на падот на леталото.

Тој изјави дека во авионот имало шест патници и двајца членови на екипажот, додека меѓу загинатите имало и мотоциклист и возач на автомобил, кои го загубиле животот кога авионот удрил во автопатотот.