Објавени огласи за директор на УЈП и претседател на Инспекцискиот совет
Објавени се огласи за избор на директор на Управата за јавни приходи и за претседател на Инспекцискиот совет, најави премиерот Груевски при увидот на работите за реконструкција на железничката станица во Прилеп.
Тој посочи дека за двете позиции течат роковите и ги повика сите што имаат квалификации, искуство и знаење и се чувствуваат дека имаат доволен капацитет да се пријават на конкурсите.
- На директорот на УЈП му завршува мандатот на 17 август годинава и нормално е согласно Законот да се објави оглас, бидејќи поинаков начин не постои да се назначи нов директор. За разлика од него, претседателот на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов замина на нова должност во дипломатијата, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој посочи дека актуелниот директор на УЈП Горан Трајковски има можност да се пријави на конкурсот.
- Најдобрите и најквалитетните кандидати ќе бидат интервјуирани и ќе бидат проверени нивните квалификации по што ќе се одберат најдобрите и најсоодветните кандидати за двете позиции, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Макрон денеска домаќин на итен неформален состанок на европските лидери за Украина
-
Трамп сака да постигне мир во Украина до Велигден
-
Без струја делови од Карпош, Бутел, Кисела Вода и Аеродром
-
Променливо облачно со врнежи од снег на планините и дожд на пониските места
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија