Објавени имињата на министрите од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада
Потврдени се фаворитите за министри за техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за кои вечерва одлучува Извршниот комитет на партијата.
Панче Тошковски, адвокат и претседател на партиската комисија за правни прашања е предлог за министер за внатрешни работи, Цветан Трипуновски за земјоделие, а Ѓоко Велковски, поранешен генерален секретар на Град Скопје ќе го предводи Министерство за труд и социјална политика во кои има работно искуство. Ако Извршниот комитет ги потврди овие кандидати тие ќе бидат дел од техничка Влада предводена од Талат Џафери.
Како дополнителен заменик министер во информатичко општество и адмнистрација потврдено е името на Стефан Андоновски. Тој е Секретар за меѓународна соработка на ВМРО- ДПМНЕ и член на Советот на Град Скопје. Елена Петрова која доаѓа од УЈП ќе биде предложена за дополнителен заменик во Министерството за финансии
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ