Објавени фотографии од 21-годишната ќерка на политичар која шверцувала и продавала дрога на Миконос
Грчкиот портал Прототема објави фотографии од 21-годишната инфлуенсерка, ќерка на политичар која заедно со уште две лица на Миконос продавале дрога.
Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.
Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога.
За разбивање на нарко картелот, како што соопштија од грчката полиција, полицајците од Миконос организирале акција, ги следеле движењето на сега веќе уапсените, ги лоцирале и ги уапсиле во моментите кога се селеле во друго сместување, за да ги скријат трагите.
Пракса на грчката полиција е во соопштенијата да не објавуваат лични податоци за уапсените, односно иницијали и националност, туку соопштуваат само дали се грчки или странски државјани, меѓутоа според потврдени информации на дописничката на МИА од Атина, станува збор за тројца државјани на Северна Македонија.
„Прототема“ објави дека уапсената девојка е ќерка на политичар од Северна Македонија.
Сепак, според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за 21-годишна девојка со голем број следачи на Инстаграм, со кои споделувала фотографии од Миконос.
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија