Објавени добитниците на овогодишните медали на слободата на САД
Американскиот претседател Барак Обама им го додели највисокото граѓанско одликување во САД, Медалот на слободата, на 21 лице, меѓу кои и на Брус Спрингстин, Роберт Редфорд, Бил и Мелинда Гејтс и Мајкл Џордан, соопшти Белата куќа.
- Претседателскиот медал на слободата е не само највисокото граѓанско одличје на нацијата, туку и знак на почит кон мислата дека секој од нас, независно од потеклото, има можност да ја промени оваа земја кон подобро. Научници, филантропи, чиновници, активисти, спортисти и уметници... овие 21 личност помогнаа во напредокот на Америка, инспирирајќи милиони луѓе во светот, нагласи Обама.
Одликувањата, од кои некои се доделени постхумно, ќе бидат врачени во Белата куќа на 22 ноември.
Меѓу лауреатите се и пејачите Дајана Рос и Брус Спрингстин, глумците Роберт Редфорд, Том Хенкс и Роберт де Ниро, поранешните кошаркари Мајкл Џордан и Карим Абдул-Џабар, архитектот Френк Гери, телевизиската водителка Елен Деџенерис, како и основачот на „Мајкрософт" Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда.
Натаму, добитници на почесни медали се и физичарот Ричард Гарвин, математичарките Маргарет Хамилтон (која го создала софтверот за „слетувањe на Месечината“ и за мисиите „Аполо" на НАСА) и Грејс Хопер (пионер на информатиката во 40-те години од минатиот век.
Режисерот Лорн Мајклс, креаторот на ноќната програма „Сатрдеј најт лајв", исто така е меѓу наградените.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците