Објавена „За книжевноста до последен здив“ на Данило Коцевски
„За книжевноста до последен здив“ е најновата книга на Данило Коцевски, еден од најеминентните критичари и теоретичари во современата македонска литература. Книгата содржи критики, есеи и теориски текстови, а ја објави „Галикул“ од Скопје.
Во првиот дел од книгата „За книжевноста до последен здив“ опфатени се кратки есеи, осврти и омажи за македонските автори Кочо Рацин, Живко Чинго, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Блаже Конески, Анте Поповски, Димитар Солев, Слободан Мицковиќ, Даница Ручигај.
Вториот дел е посветен на творештвото на врвните светски имиња, низ ракурсот и на некои денешни аспекти и толкувања. Станува збор за одделни романескни, поетски и и драмски остварувања, меѓу кои и на Рабле, Стендал, Балзак, Иго, Зола, Луј Арагон, Алфред Жари, Едмон Ростан, Пјер Бомарше.
Во третиот дел авторот се осврнува на авторите чии годишнини повторно потсетуваат на нивното исклучително творештво. Тоа се: Франсоз Саган, Маргерит Дирас, Сент-Егзипери, Чарлс Буковски, Албер Ками, Кортасар, Кундера, Уелбек, Данило Киш, Крлежа, Неруда, Јан Флеминг, Труман Капоте...
Во четвртиот дел се застапени теоретичарите Барт, Фуко, Бланшо, Дерида, Шкловски... Во последното поглавје Данило Коцевски пишува и за Жерар Женет, Морис Бланшо и проферорката на Сорбона Мари Жил.
Данило Коцевски има објавено триесетина книги од сите жанрови, а од нив дванаесет се само од областа на критиката и есеистиката.Тој меѓу првите на нашите творечки простори го промовираше концептот на постмодернизмот и постструктурализмот, следејќи го пулсот на трендовите во прозата, поезијата и критиката. Посебно ја разработува повеќезначноста на книжевниот текст, мешањето на жанровите, задржувајќи се на деконструкцијата на Дерида, новата француска критика, текстуалноста и семиологијата на Ролан Барт, па се до актуелните пристапи на Фуко, Делез и Лиотар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство