Свет
20. October 2018 - 20:03

Објавена ужасна снимка кога воз влета меѓу луѓе на фестивал: Се веселеле и уживале, а следниот момент се нашле под тркалата на возот

Во несреќата која во петокот се случи на северот од Индија во Панџаб кога патнички воз налета на луѓе, загинаа најмалку 60 лица, а повредени се десетина, соопшти полицијата во таа земја.

Несреќата се случила кога на луѓето кои седеле на шините налетал патнички воз кој се движел со голема брзина. На социјалнтие мрежи се појави ужасни снимки на кои се гледа како возот влетува меѓу луѓето и ги гази.

„Луѓето седеле на шините и околу нив, во предградието Амрицара, гледајќи како се горат кукли во рамките на прославата на фестивалот Душер, кога патнички воз налетал на нив“, изјави полицаец.

Агенцијата АНИ ги пренесе зборовите на очевидец дека воз одел со голема брзина, а дека луѓето не го слушнале поради пукањето на петарди и огнометот кој е испукан по повод овој Хинду фестивал.

Официјалните власти соопштија дека во тек е спасувачка операција на местото на несреќата и сите се мобилизирани на највисоко ниво.