Објавена снимка од осомничен бомбаш самоубиец на Шри Ланка

Телевизијата Скај њуз објави снимка од потенцијален извршител на еден од терористичките напади на Шри Ланка.
На снимката, направена неколку секунди пред нападот, се гледа како темнокос маж, со голем ранец, оди кон црквата. Во моментот кога влегува внатре, снимката нагло запира.
Терористичката група „Исламска држава“ презеде одговорност за нападите на Шри Ланка, во кои загинаа најмалку 320 лица. Во изјавата лиферувана од новинската агенција Амак, која е поврзана со ИД, се посочува дека цел на нападот биле „христијани и луѓе од држави кои ги бомбардирале териториите на ИД“.
Бројот на загинати во бомбашките напади во Шри Ланка се зголеми на 321, а повеќе од 520 се повредени. Властите во Шри Ланка досега уапсија 40 лица. УНИЦЕФ соопшти дека меѓу убиените има 45 деца.
Ново на Сител
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
