Објавена книгата „Училишен театар“ од Киро Донев
Книга за деца насловена „Училишен театар“ од Киро Донев е објавена во издание на „Македоника литера“ од Скопје.
Книгата содржи близу 40 пиески (едночинки) за деца, со теми од животот на современо дете: домот, училиштето, улицата, детската игра, природата... Покрај децата јунаци (главни и споредни), во пиеските се сретнуваат и „претставници“ на животинскиот и растителниот свет, но и птиците, инсектите и таквите мали-големи нешта од секојдневјето кои човекот не ги забележува многу, а се многу важни во животот и на луѓето, но и за рамнотежата во природата.
Киро Донев е автор на 40-тина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици.
Ново на Сител
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите