Објавена книгата „Тиркиз во лето“ на Марина Мијаковска

Во издание на Културниот центар „Бран“ од Струга, излезе од печат најновата книга, „Тиркиз во лето“, книга со хаику поезија на Марина Мијаковска.
Поделена во четири циклуси: „Бел цвет во пролет“, „Тиркиз во лето“, „Злато во есен“ и „Сребро во зима“, книгата изобилува со естетски стегнати лирски минијатури – хаику песни, каде боите на поетските записи се прелеваат како бранови на живиот свет и светлината низ годишните времиња; Од морски ѕвезди/Виножито во море/Заспани бои, е една од 160-те песни.
По неколкуте објави на поетски книги верификувани со повеќе награди: „Караманов, „Крсте Чачански“ и други, Марина Мијаковска овој пат пред пошироката читална се претставува со нов стил во пеењето – хаикуто, што на читателот му доаѓа левтерно, како што таа пее во првиот стих од првата песна во четвртиот циклус „Сребро во зима“, „Пердув од птица“.
Инаку, Марина Мијаковска досега ги има објавено поетските книги: „Номадска душа (2010); „Куфери“(2012), и „Психоаналитичка алхемија од страсти“(2013), и книгата раскази „Куќички“ со која ја доби наградата „Крсте Чачански“ во 2014 година. Член е на ДПМ и добитник на повеќе награди и признанија.
Ново на Сител
-

Во големиот пожар кај Омиш изгореа 106 возила и 28 куќи, ќе се бара прогласување природна непогода
-

Грчкото МНР: Нелегални се турските морски паркови во Егејското море и Источниот Медитеран
-

Отстранети 122 непрописно паркирани возила од улиците на Општина Центар за една недела
-

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
