Објавена книгата „Културноисториски проникнувања“ од проф. д-р Илија Велев

„Културноисториски проникнувања“ е најновата книга на проф. д-р Илија Велев, истакнат македонски медиевист, византолог и кирилометодиевист од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Делото е во издание на Здружението за проучување на македонската народна култура „Гирланда“ од Скопје. Изданието е објавено како дел од националната културна програма за 2017 година при Министерството за култура на Република Македонија.
Книгата претставува заокружено истражување и културолошко презентирање на цивилизациските слоеви во македонскиот културноисториски идентитет.
Професорот Велев го проследува феноменот на македонскиот културноисториски идентитет преточен со глобалните искуства од врските и влијанијата во составите на повеќето големи империи, при што секоја современа национална култура и современ народ имаат еднакво право да ја напојуваат сопствената традиција од заедничките културноисториски извори.
- Притоа националниот културен белег што македонскиот народ го наследил и со себе го носи како сопствена препознатлива традиција во современоста, тој не може да се отуѓува или да се посвојува и присвојува - зашто овој феномен претставува јасно препознатливо средство за потврдување на етничката самобитност и припадност, соопшти издавачот.
Според авторот, таму се наоѓа и индивидуалното чувство на денешниот Македонец како поединец дека не е сам во личниот идентитет, зашто него го придружуваат колективните спомени за сопственото поколение.
Предметот на истражувањето за културноисториските проникнувања професорот Велев го прифаќа ангажирано и смета дека во моментов, за нас Македонците, тоа е суштествено зашто живееме во сопствена современа држава што преку своите академски, научни па дури и политички институции не успева (а и доволно не прави) да ги афирмира македонските националн традиции како културен влог во европската интеграција меѓу народите.
Во неговите истражувања се напоменува да се има предвид дека во универзалната, космополитската и во хуманистичката димензија на современово општество во кое живееме едноставно е беспредметно и е недозволено да се попречува афирмацијата на вредностите на осознаената македонска историја, култура, јазик и на македонскиот национален идентитет. Особено ваквиот чин, како што се наведува, е несвојствен кога тие се оспоруваат со политички средства на кое и да е соседско или локално ниво од политичкото влијание.
Ново на Сител
-

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
-

Груби денеска излегува од куќен притвор
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
