Објавена фотографија од 13-те израелски заложници ослободени на првиот ден од примирјето со Хамас

„The times of Israel“ објави фотографија од 13-те израелски заложници ослободени на првиот ден од примирјето со Хамас. Тие се идентификувани како Хана Кацир, 77, Маргалит Мозес, 77, Јафа Адер, 85, Хана Пери, 79, Адина Моше, 72, Даниеле Алони, 44, Емилија Алони, 9, Рути Мондер, 78; Керен Мондер, 54, Охад Мондер, 9, Авив Ашер, 2; Раз Ашер, 5; и Дорон Кац-Ашер, 34.
Ослободувањето на 13-те заложници е првата од четирите очекувани фази. Хамас се согласи да ослободи 50-ина заложници во текот на четирите дена од примирјето со Израел, сите деца, мајки и други жени.
Страните се согласија дека Хамас на крајот може да ослободи повеќе во замена за продолжување на прекинот на огнот за уште неколку дена.
Докторите потврдија дека ослободените заложници се здрави.
Ново на Сител
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
