Објавен составот на новата грчка влада
Портпаролот на грчката влада, од Генералниот секретаријат за медиуми го соопшти составот на владата на Кирјакос Мицотакис, ги објави имињата на министрите, замениците и алтернативните министри, а шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас.
Во Министерството за надворешни работи ќе бидат Дендиас, Варвициотис Франкојанис и Диаматарис . Шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, алтернативен министер за надворешни работи надлежен за европски прашања е Милтиадис Варвициотис, заменик министер за надворешни работи одговорен за економска дипломатија е Костас Франкојанис, а заменик МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис
Заменик претседател на владата е Панајотис Пикраменос, кој е поранешен претседател на Врховниот суд на Грција и поранешен службен грчки премиер, а владин портпарол Стелиос Пецас кој беше директор на кабинетот на Мицотакис во Нова демократија.
Членовите на новата грчка влада утре во 12 часот ќе положат свечена заклетва, потоа во министерствата ќе има примопредавање на функциите, а в среда ќе се одржи првата владина седница.
За претседател на Парламентот што почнува со работа на 17 јули, владата го предлага Константинос Тасулас.
Ново на Сител
-
Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку денови е исчезнатата Лидија
-
Руте: Мора да направиме се што можеме за да ги чуваме нашите луѓе безбедни
-
Русија изврши масовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура
-
Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница
-
Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола
-
Kaj 30-годишник во Аеродром пронајдена, марихуана, бела грутчеста материја, таблети и пиштол
-
Прекин во работењето на системот е-Даноци
-
Шекеринска учествува на Форум за надворешна и безбедносна политика во Литванија