Објавен повикот за формирање ЛАГ-ови

Објавен е јавен повик за поддршка на воспоставување локални акциски групи (ЛАГ-ови) и креирање стратегии за локален развој на руралните средини.
Како што соопштија денска министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, поддршката е проектирана на вкупно 14 милиони денари, а корисници можат да бидат само локалните акциски групи. Притоа, за секоја се планирани по максимум 800.000 денари.
Средствата се за обезбедување соодветна инфраструктура, објекти, простории и опрема за работа, реализирање проекти, поддршка на рурални бизниси и рурален туризам, културни манифестации и настани, односно за се што е во интерес за заедницата.
-Повикот ќе трае 30 дена, а поддршката изнесува 100 проценти и се исплаќа по завршување на инвестициите или активностите. Корисниците треба да обезбедат 40 отсто аванс од трошоците, истакна Николовски на прес-конференција во Министерството.
Според Бабовски, услов за користење на поддршката е сите инвестиции и активности да бидат согласно законот за јавни набавки.
Локалните акциски групи се јавни-приватни партнерства во кои се вклучени земјоделци, локални жители, невладини организации, општини,… Во земјава може да се формираат максимум 25. Засега се активни 14. Тие лани ги добија решенијата за регистрација. Во рамки на ЛАГ-овите, жителите на општината сами одлучуваат што им е приоритет: пат, улица, школо, игралиште, објект за подобрување на руралниот туризам,…
-Ова е првпат да се обезбеди и да се стимулира формирањето локални акциски групи. Во претходните 10 години тоа беше декларативна заложба за која само се зборуваше. Немаше ниту програма, ниту правилници, ниту каков било конкретен чекор во оваа насока, истакна Николовски.
Ресен и Охрид се меѓу општините кои се уште немаат локални акциски групи.
Ново на Сител
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
