Објавен повик за учество во Програма на ЕУ за млади професионалци од Западен Балкан

Европската Комисија и Британскиот совет денеска објавија отворен повик за учество во Програма на Европската унија за млади професионалци од Западен Балкан. Станува збор за пилот-проект кој се состои од регионална менаџмент програма за обука за млади државни службеници од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), која е раководена од Европската комисија и реализирана од Британски совет.
Пријавувањето е отворено од денеска до 25 септември 2016 година. На избраните кандидати ќе им биде дадена можност да учествуваат на тринеделна (15 работни денови) обука во Сајнсис По во Париз (Франција) насловена „Извршен сертификат за менаџмент и јавна политика“, за да се зајакнат нивните професионални капацитети и да се подготви следната генерација на државни службеници и донесувачи на одлуки одговорни за процесот на пристапување кон ЕУ во шесте држави од Западен Балкан. Исто така, избраните кадидати ќе учествуваат и на двонеделна Програма за регионална размена, како втор дел од проектот, за поврзување на ниво на државни службеници заради промоција на регионалната соработка во процесот на пристапување кон ЕУ.
Како што се наведува во соопштението од Британскиот совет во Скопје, во оваа програма, која се реализира ислучиво на англиски јазик, ќе бидат избрани 30 учесници за двата дела од програмата (обука и размена), со по пет учесници од секоја држава во регионот.
Повикот е отворен за државни службеници на средно ниво, како што е детално наведено во Деловникот на повикот објавен на веб страницата на проектот, каде ги има сите потребни информации и каде може да се изврши пријавувањето. Повеќе за критериумите за подобност, деталите за програмата и начините на пријавување на http://Eu4wb6.com/.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
