Објавен конкурс за десеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Објавен е конкурсот за десеттата Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 24 февруари 2019 година, информираат од кабинетот на македонскиот Претседател.
Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование, кои имаат желба преку нивните вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
Програмата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и од странство. Наставата ќе се одвива на македонски и на англиски јазик.
Право на учество на конкурсот, што е отворен до 24 декември 2018 година, имаат сите млади од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Трошоците за сместување и програмските активности ќе бидат покриени од страна на организаторите.
-Условите за конкурирање предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, додека просек еднаков или поголем од 8,5 на додипломски студии и работно искуство од минимум една година, ќе се сметаат за предност. Апликацијата, што треба да се достави до кабинетот на Претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за напреден степен за познавање на англиски јазик и две препораки, информират од кабинетот на Иванов.
Конкурсот е објавен на веб-страницата и Фејсбук страницата на Претседателот на Република Македонија.
Школата за млади лидери првпат беше организирана во август 2010 година во Охрид. Во изминатите девет годинина
Ново на Сител
-
На Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта, Мицотакис изразува умерен оптимизам
-
Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава