Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
Денес се навршуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најзначајните македонски револуционери, визионери и идеолози на борбата за слобода и независност.
По повод овој значаен датум од македонската историја, Државниот архив објави автентичен и оригинален документ напишан од самиот Гоце Делчев. Станува збор за шифрирана азбука која Делчев ја користел за тајна комуникација со револуционерните чети, поврзана со снабдувањето со оружје и движењето низ населените места во Македонија.

Од Државниот архив посочуваат дека употребата на ваквата азбука обезбедувала целосна тајност на комуникацијата, што било од клучно значење за безбедноста и успешното функционирање на револуционерното движење. Документот претставува јасен доказ за високата организациска способност и стратегиската мисла што ја поседувале македонските револуционери.
Преку ваквите архивски материјали, јавноста денес има можност да ја почувствува живата врска со минатото и подобро да ја разбере големината на борбата за слобода и независност. Гоце Делчев, како што истакнуваат историчарите, не бил само борец со оружје, туку и истакнат интелектуалец кој длабоко верувал дека силата на народот лежи во знаењето, дисциплината и единството.
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
