Македонија
8. September 2016 - 16:34

Обилните врнежи во земјава денеска подзапреа во главниот град, но не и во останатите

По невремето проследено со обилни врнежи што изминативе неколку дена ја зафати Македонија повторно се појави можност за поплава.

Од УХМР известуваат дека во најголем дел од нашата земја наврнале големи количини на дожд. Најпогодени биле Западните и Јужните делови од територијата на Македонија. 

Над 100 литра дожд паднале во Маврово, Крушево и на останатите планински места додека во Скопската котлина се измерени 65 литри на метар квадратен.

Иако во јавноста се појавија информации дека дел од населените места, кои пред месец дена беа погодени од силното невреме се повторно поплавени, од  Центарот за управување со кризи велат дека до овој момент никој не пријавил дека е поплавен или му треба помош.