Свет
1. December 2023 - 18:22

Обилниот снег откажа околу 130 летови од минхенскиот аеродром

Обилните снежни врнежи и ниските температури на аеродромот во Минхен денеска предизвикаа долготрајни одложувања и откажувања на над 100 летови, јави ДПА.

-Околу 130 авиони во моментов не можат да полетаат или слетаат, изјави портпаролот на аеродромот.

Според него, барем една од пистите на аеродромот мора да биде постојано чиста, а екипите да работат последователно на чистење на секоја писта од снег.

Патниците беа повикани да контактираат со нивните авиокомпании за да дознаат за какви било откажани или одложени летови.