-->
-->
Обичајот под маски Ѕвегорска сурва во пијанечкиот крај
-->
Ѕвегорските суроваскари од утрово го бркаат лошто од Пијанец. Околу 70 маски како дел од Ѕвегорската сурва ја започнаа својата игра во делчевски Ѕвегор, продолжувајќи го живото наследство и вековна традиција.
И оваа година локалниот обичај под маски се одржува на стариот и автентичен начин со традиционалните маски на зет и невеста и алудирајќи на свадбена поворка како театар на отворено, тие ги посетуваат домовите на сите жители на ова село благословувајќи ги и извикувајќи „сурова“.
Сурова значи зелена, здрава нова година, вели фолклористот Димитар Узунски, кој повеќе од две децении го следи овој локален обичај, а на денешниов ден, Василица, испраќа порака - овој обичај под маски да се издигне во карневал.

- Во овој период поминале многу маски, но целта останува иста, задржана е основата на овој обичај. Генерации и генерации ѕвегорци, правеле најразлични маски, но задолжително ја има невестата, зетот, попот, белаците, кои ја чуваат невестата да не биде предвреме откриена, мечката која благословува за здравје, старата баба која асоцира на старата година што изминала.... рече Узунски.
Тој ги повика сите да се вложат овој обичај да прерасне во карневал по примерот на Ратевските бамбурци, бидејќи уште одамна по бројот и значењето на маските, етнолозите ја окарактеризирале Ѕвегорската сурва како пијанечко Вевчани.
Ѕвегорската сурва е вековна традиција и живо наследство кое жителите на Ѕвегор самоиницијативно ја продолжуваат и ја одржуваат почитувајќи ја традицијата оставена од нивните предци. Годинава таа се реализира со поддршка на Општина Делчево и од спонзори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието Гаши во Азербејџан се сретна со министрите за енергетика и за надворешни работи
-
Шварценегер: Имигрантите во САД се гости
-
Приведен тетовец, возел со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80
-
„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво
-
Путин ќе се обрати пред новинари на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург
-
ФА го обвини судијата Кут поради коментарите за Клоп
-
Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници во собраниската Комисија за финансирање и на пленарна седница
-
Осум лица, меѓу кои четири деца евакуирани од Израел