Обележување хоризонтална сигнализација во Куманово
Во Куманово почна обележувањето на хоризонталната сигнализација во строгиот центар на градот.
Обележувањето го вршат екипи на ЈП „Водовод“ од Куманово.
- Набавена е прва количина на боја околу 600 килограми, започнато е со обележување. Во централното градско подрачје, со акцент пред образовните училиштата, градинките и здравствените институции, изјави директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски.
Минатиот јуни екипите на „Водовод“ почнаа со обележување на пешачките премини, но само пo три месеци, бојата се избриша.
Од „Водовод“ реагирале до фирмата набавувач, која не можела да одговори со повторно доставување на боја соодветна на потребите за хоризонталната сигнализација, по што договорот е раскинат. По направената анализа договорот е раскинат, а добавувачот добил негативна референца, согласно тендерската документација.
ЈП „Водовод“ минатата година на тендер набави машина за обележување на хоризонтални површини за која одвои 678 илјади денари. Општина Куманово за обележување на хоризонтална и за вертикална сигнализација на годишно ниво троши 2,5 милиони денари.
Ново на Сител
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Путин потпиша декрет дека нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната
-
Диди потплатил сведок, најдени лични белешки