Обама: Сирија не може да се врати на предвоениот статус кво

Напорите за уништување на џихадистичката група Исламска држава (ИД), не смеаат да доведат до зајакнување на позиците на „тиранинот Башар ел Асад“ во Сирија, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама.
- Мораме да признаеме дека по толку злосторства и толку крвопролевање (во Сирија) не може да се врати предвоениот стаус кво, нагласи Обама во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.
Како што јави ДПА, Обама истакна дека случувањата во Сирија претставуваат тест за системот на меѓународното право кое го штитат ОН, поздравувајќи ги при тоа дипломатските напори на Светската органзација за решавање на сириската криза.
Обама во обраќањето се осврна и на случувањата во Украина, нагалсувајќи дека меѓународната заедница не може да стои на страна во услови на руско нарушување на украинскиот суверенитет.
- Ја прифаќаме длабоката и комплексна историја меѓу Русија и Украина, но не можеме да стоиме на страна во услови на флангартно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на една држава, изјави Обама.
Ваквата осуда на Обама на, како што рече „руската агресија“ на Украина, доаѓа само неколу часа пред неговата средба со претседателот на Русија, Владимир Путин на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
-

Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
-

Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
