Свет
23. August 2015 - 21:06

Обама: САД и натаму ќе ја поддржуваат Украина

Во последната година Украина презеде значајни чекори заради постигнување на целта која си ја наметна од стекнувањето независност во 1991 година, оцени денеска американскиот претседател Барак Обама, истакнувајќи дека САД и во иднина ќе ја поддржува Украина во „исклучително важниот период од нејзината историја“.

Обама, во честитката до украинскиот претседател Петро Порошенко и украинскиот народ по повод 24 години независност, истакна дека „без оглед на бројните предизвици, народот на Украина се приближил повеќе од кога и да е кон остварување на своето заедничко гледање на слободна, демократска и прогресивна земја, цврсто интегрирана во срцето на Европа“.

„Нашите две нации заеднички работат за да го поддржат и заштитат правото на украинскиот народ за слободно да го бира својот пат напред. Додека вие работите на спроведување на одлучните реформи, без оглед на агресијата од Русија на истокот и окупацијата на Крим, САД ќе останат доследни во својата поддрѓка кон Украина“, се наведува во пораката од Обама. ссм/16:36

 

Ново на Сител