Обама одобри учество на војници на САД во борби против талибанците
Претседателот на САД, Барак Обама одобри проширување на мисијата на американските сили во Авганистан, овозможувајќи им учество во борбата на авганистанската армија против талибанските бунтовници, јавија синоќа американските медиуми, повикувајќи се на изјава на висок претставник во Пентагон.
Истиот извор, кој побарал анонимност, додал дека веќе е одбрено користење на американското Воено воздухопловство во борбите и обезбедување воздушна поддршка на авганистанските сили.
Тоа, според него, сепак, не занчи дирекно вклучлување на Военото воздухопловство на САД во борбата против талибанците.
Врз основа на ваквата одлука на Обама, командантот на силите на САД во Авганистан, генерал Џон Николсон ќе решава кога американските војници ќе им се придружат на авганистанските конвенционални сили на бојното поле.
Изворот од Пентагон истакнува дека досега американски војници се вклучувале само во операции на авганистанските специјални сили.
- Од сега американските војници поактивно ќе ги поддржуваат авганистанските конвенционални сили, потенцира анонимниот претставник на американското Министерство за одбрана,
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување
-
Грузиската опозиција не ги прифаќа изборните резултати, најави улични протести