Обама: Никогаш немало поподготвен кандидат од Хилари Клинтон
Американскиот претседател Барак Обама изрази оптимизам за иднината на САД доколку кандидатот на демократите Хилари Клинтон го победи Доналд Трамп на претседателските избори во ноември и стане првата жена претседател на земјата.
- Никогаш немало ниту маж, ниту жена, ниту јас, ниту Бил Клинтон, кој бил толку подготвен за да биде претседател на САД, рече Обама на Националниот конгрес на Демократската партија во Филаделфија.
- Јас сум оптимист за иднината на Америка повеќе од кога и да е, нагласи Обама, а неговите зборови беа поздравени со громогласен аплауз во салата.
Според него Хилари Клинтон е единствениот кандидат на тие избори, кој ќе донесе подобра иднина.
- Таа е лидер, кој има конкретни планови како да ги надмине бариерите, да му даде повеќе можности на секој Американец... Америка и сега е голема. Америка и сега е силна. Ви ветува дека нашата големина и нашата сила нема да зависат од Доналд Трамп, рече Обама.
Тој нагласи дека Клинтон е подготвена да биде врховен командант на вооружените сили на САД и нагласи дека таа може да ги постигне поставените цели, а во таа смисла и борбата против тероризмот, без да применува тортури и без да им забранува пристап во САД на луѓето, поради нивната верска припадност.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал