Обама ги повика демократите во Конгресот да се борат против укинување на реформата за здравствено осигурување
Барак Обама ги повика демократите во Конгресот да се борат против укинување на неговата емблематична реформа на здравствено осигурување, која Доналд Трамп има намера да ја укине по стапувањето на должност, на 20 јануари, пренесоа француските медиуми.
„Ви завидувам за борбата што ќе можете да ја водите за да го одбраните здравјето на Американците“, изјавил Обама на средбата зад затворени врати на демократите во Конгресот, соопшти сенаторот Ед Марки.
-Претседателот подвлече дека ние сме на вистинската страна и не поттикна да се бориме, рече конгресменот Џон Луис, повикувајќи се на анкетите кои покажуваат дека главните елементи од реформата и натаму остануваат популарни меѓу луѓето.
-Републиканскиот проект нема Америка повторно да ја направи голема, туку тој Америка ќе ја направи повторно болна, изјави лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, парафразирајќи ја предизборната парола на Трамп.
По своите изборни порази на претседателските и парламентарните избори, меѓутоа, демократите се во малцинство и во двата дома на Конгресот и речиси немаат простор за маневрирање. Нивната единствена надеж е да го мобилизираат јавното мислење во САД, забележуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија