Свет
10. September 2015 - 23:40

Обама бара САД следната година да примат 10.000 сириски бегалци

Американскиот претседател Барак Обама денеска им соопштил на своите советници дека сака САД следната буџетска година, што почнува на 1 октомври, да примат 10.000 сириски бегалци, информира Белата куќа.

Од избувнувањето на граѓанската војна во Сирија, пред четири години, САД досега прифатиле само околу 1.500 Сиријци, пренесоа американските медиуми.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека износот од околу четири милијарди долари, колку американската администрација обезбеди за агенциите за хуманитарна помош и за другите сродни организации, е најефикасниот начин САД да помогнат во разрешувањето на хуманитарната криза во Европа.

Ернест додаде дека претседателот Обама одлучил дека прифатот на поголем број бегалци во САД ќе придонесе за подобра реакција на оваа земја кон кризата на Блискиот Исток, од каде десетици илјади лица бегаат од војната кон сигурноста на Европа.