ОАЕ: Воздушното ембарго се однесува само за авиокомпаниите од Катар

Воздушното ембарго, кое од почетокот на заливската криза е воведено кон Катар, се однесува само на авиокомпаниите и авионите од Катар, соопштија денеска властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Саудиска Арабија и Бахреин воведоа воздушно ембарго кога на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар, кого го обвинуваат дека поддржува тероризам.
- Согласно воздушното ембарго, на сите авиокомпании и авиони регистрирани во Катар им е забрането да слетуваат на нашите аеродроми или да прелетуваат преку воздушниот простор на ОАЕ, Саудиска Арабија и Бахреин, наведуваат трите земји.
Исклучок ќе бидат приватните авиони од Катар, кои треба 24 часа однапред да поднесат барање за прелетување преку воздушниот простор на трите земји. Покрај барањето треба да бидат наведени имињата на патниците и членовите на екипажот, како и податоци за стока, доколку станува збор за товарен авион.
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
