Македонија
17. April 2019 - 16:59

НВО сектор: Нема напредок во реформите со партизирана администрација

Владата не може да очекува од граѓанскиот сектор да го спроведува реформскиот процес, туку треба да изгради сопствени капацитети и професионален кадар за спроведување на европската агенда, велат невладините, посочувајки дека тоа не е можно со партизирана администрација.

Еден месец пред објавување на извештајот на Европската комисија, невладините организации укажуваат и на слабостите во правосудството. Роковите за реформи во овој сектор, предвидени со владиниот план 18 се пробиени. Законот за јавно  обвинителство се уште не е донесен, а во тек се прегворите мегу влста и опозицијата за идниот статус на СЈО. Процес кој се одвива нетранспаренто и без вклучување на стручната јавност и граганските организации, иако законот е на врвот на европската агенда, се псочува во извештајот на Европскиот институт за политика и Хелсиншкиот комитет.

Граѓанскиот сектор предупредува дека и на високата корупција, слабиот капацитет на обвинителствата, нискиот буџет за судските власти, лошите услови во затворите. Се поздравува транспарентноста во форпомирањето и досегашната работа на комисијата за спречување на корупцијата и донесување на новиот закон за спречување и заштита од дискирминацијата.