Шефот на спасувачката мисија го опиша уредот како „непрактичен“ за операцијата која барала провлекување на децата низ тесните премини. Децата заедно со тренерот се спасени без помош на Маск, иако тамошните власти рекоа дека подморницата може да послужи во идни операции.
Маск инсистираше на тоа дека неговата подморница може да помине низ тесните тунели, па изјави дека поранешниот губернер на провинцијата Таи, која ја одби неговата технологија, „не бил експерт за вакви прашања“.
„Може да си ја забие таа подморница таму каде што боли. Немаше воопшто шанси да работи. Тој нема поим каков е преминот низ пештерата“, рече Ансворт.
„Подморницата е долга околу шест стапки (нешто помалку од два метри) и груба така што не би можела да ги помине завоите ниту преку било какви препреки. Не би ги поминала ни првите 50 метри. Тоа беше обичен ПР трик“, рече тој.
Искусниот истражувач на пештери рече дека од Маск е побарано „многу брзо да ја напушти пештерата“ кога во текот на операцијата минатиот вторник влезе во неа.
Дента кога децата се заглавија во пештерата, Ансворт планирал да ја разгледа Там Луанг. Кога е повикан да им помогне на децата, веднаш стигнал таму и поминал 17 дена додека не се спасени. Тамошните пештери ги истражува веќе 6 години и ги опишува како втор дом. Токму тоа се покажа клучна вештина во спасувачката мисија.
Претпоставувал каде децата би можеле да се скријат од поплавата и пронајдени се 200 метри подалеку од тоа место.
Британецот ги спои локалните власти со три искусни британски нуркачи кои први ги пронајдоа децата во пештерата.
„Веднаш влегоа во пештерата. Беше тоа трка со времето. Ни беа потребни врвни нуркачи и ние ги доведовме“, рече тој.
Рече дека и тренерот и децата не можеле да ги предвидат поплавите зошто водата навлегла 3 недели порано од претходната година.
„Тие деца едноставно немаа среќа. Погрешно место, погрешно време. Се се случи многу брзо. Не може да се обвинува ниту тренерот ниту децата“, изјави тој.