Нуно Мендеш: Знаевме дека против Чешка ќе имаме многу работа
Фудбалерот на Португалија, Нуно Мендеш ги искажа своите впечатоци по синоќешната победа над Чешка (2:1) во 1. коло на Евро 2024 година.
- Очекувавме големи проблеми. Чешка има добри играчи. Тие се квалитетни и го докажаа тоа. Сакавме да имаме посед на топката во голем процент, но кога се обидовме да постигнеме гол не можевме да го направиме тоа. На крајот завршивме добра работа и извојувавме заслужена победа. Имаме уште малку работа за да обезбедиме пласман во следната фаза. За четири дена не чека следниот натпревар. Важно е внимателно да се анализира противникот и да се подготви тимот што е можно подобро за следниот натпревар, изјави Мендеш за сајтот на УЕФА.
Во второто коло на ЕП 2024 Португалија ќе игра против Турција, а Чешка против Грузија. Двете средби ќе се одржат в сабота на 22 јуни.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов