Македонија
28. November 2016 - 11:37

Нумерирање и именување на објектите во Крива Паланка

 

Согласно одлука на Советот на општина Крива Паланка, во претстојниот период ќе се врши нумерирање и означување на објектите во градот.

Локалната самоуправа на Крива Паланка во соработка со Јавното претпријатие Комуналец во претстојниот период ќе постави табли со имиња и броеви на улици и ќе изврши нумерација на колективните и индивидуални објекти за домување.

Активноста има за цел подобрување на урбаниот лик на градот и полесно доставување поштенски пратки односно полесна ориентација низ општината. Таблите со куќните броеви граѓаните ќе ги добијат бесплатно.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, информира дека се што треба е жителите да се обратат до општинското Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, каде може да ги подигнат табличките.

За монтажата на таблите со имиња и броеви се задолжени екипи од јавното комунално претпријатие, а доколку граѓаните одлучат, можат и сами да ги монтираат, со обврска да достават нивна фотографија.