Нухиу за ЕРТ3 зборуваше за практичната примена на Договорот од Преспа
Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во интервју за третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ, ги објаснува промените што веќе се направени, но и оние што следат во врска со новото име, јави дописничката на МИА од Атина.
На почетокот на прилогот на ЕРТ3, Нухиу го покажа печатот што веќе се става во македонските пасоши, каде е новото име Северна Македонија.
-Би сакал да кажам дека ги имаме направено сите промени на таблите на влезовите во нашата земја со нашето име Северна Македонија. Исто така направивме други промени во однос на печатите во сите служби на МВР, вели Нухиу.
Во однос на регистарските таблички на возилата, новинарот во прилогот објаснува дека и тие че бидат променети во следните четири месеци, додека, пак, заменик-министерот го објаснува решението за преодниот период.
-Имаме решение за преодниот период. Подготвивме т.н. бесплатни лепенки за сопствениците на возила додека да го имаме новиот сообраќаен код на земјата, објаснува заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу во интервјуто за ЕРТ3, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
-
И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
-
Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки