Македонија
16. July 2018 - 16:15

НПС: Расте криминалот, се намалува довербата во полицијата

Независниот синдикат на полицијата бара итна промена на воведното ново 7-часовно работно време за работниците на униформираната полиција во полициските станици на територија на СВР-Скопје. Синдикатот бара враќање на старите смени од 12 часа, бидејќи сметаат дека сегашниот начин на работа е неефикасен и придонесува за пад на моралот и желбата за работа на полицијата.

Од Синдикатот сметаат дека воведувањето на позорна служба со вакво работно време е крајно непродуктивна, незаконска и штетна реформа, како за вработените така и за граѓаните.

Граѓаните велат дека не ги забележуваат позорникарите на улиците, но сметаат дека нивното присуство е потребно, и ќе ја зголеми безбедноста

Со цел надминување на проблемите, Независниот синдикат на полицијата бара итна средба со началникот на СВР-Скопје, на која ќе предложат сопствени решенија.