Новозеландската премиерка вети измена на Законот за носење оружје
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн денеска изјави дека треба да се измени Законот за носење оружје во земјата, еден ден по смртоносниот напад на Австралијанецот Брентон Харисон Тарант, кој во две џамии во Крајстчрч уби најмалку 49 лица.
– Денеска, додека земјата тагува, ние бараме одговори – истакна Ардерн.
Таа потврди дека осомничениот напаѓач имал дозвола за носење оружје, која ја добил во ноември 2017 година.
Нов Зеланд во минатото се обиде да ги заостри законите за носење оружје, но моќните лобија и културата за ловство ги поткопале таквите напори.
Се проценува дека на Нов Зеланд има речиси 1,5 милиони парчиња оружје, а во земјата живеат околу пет милиони жители. Во оваа држава досега се извршени малку напади со огнено оружје.
Полуавтоматското оружје кое е користено во вчерашниот напад на Нов Зеланд е забрането во Австралија по масакрот во Порт Артур во 1996 година, кога се убиени 35 лица.
Дваесет и осум годишниот Тарант бил член на стрелачки клуб, каде често вежбал пукање со лесна полуавтоматска пушка АR.
Ново на Сител
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари
-
Рение: ЕК препорачува ограничување на пристапот на „Хуавеј“ до мрежите во ЕУ
-
Трамп се заканува со царини од 200 отсто за вино и други алкохолни пијалоци од ЕУ
-
Елвин Куртовиќ осуден на доживотен затвор за убиството позади „Мавровка“
-
Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед
-
Нови 2.347 случаи на грип во државава, уште еден смртен случај
-
Агелер: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет
-
Владата ќе поддржи договор за минималната плата меѓу работодавачите и работниците