Новоткриен вид на диносаурус наречен по чудовиштето од „Истерувачи на духови”
Канадски научници решија новооткриениот вид на диносаурус го наречет Зул краривастејтор. според чудовиштето од филмот „Истерувачи на духови” од 1984 година.
Во соопштението на Кралскиот музеј во Онтарио се наведува дека скелетот на диносаурусот го добиле минатата година.
Зул е чудовиште со изглед на куче, кое во филмот ги тероризира ликовите кои ги толкуваат Сигурни Вивер и Рик Моранис, а научниците го одбрале тоа име за диносаурусот поради деталот на главата - кратката и тркалезна муцка и роговите над очите.
Скелетот на диносаурусот е откопан во карпи кај реката Џудит во Монтана.
Научниците наведуваат дека тоа е еден од најдобро зачуваните анкилосауруси пронајдени досега, со цел череп и врв на опашот, како и со остатоци од меко ткиво.
https://
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс