Македонија
21. December 2015 - 8:42

Новогодишни честитки за чист воздух во 2016

Институтот за јавно здравје и Центарот за истражување и информирање за животната средина - Еко свест ќе испратат 300 новогодишни честитки до донесувачите на одлуките, градоначалниците и потенцијалните аерозагадувачи во земјата. Целта на акцијата е подигање на свеста кај општата популација и да се влијае на намалувањето на аерозагадувањето. 

Честитките се изработени од трите најдобри цртежи од учениците од основните училишта „Јохан Хајнрих - Песталоци“, „Лазо Ангеловски“, „Рајко Жинзифов“ и „Св. Климент Охридски“ на тема „Да ја подигнеме свеста кај ајвноста за последиците од аерозагаденоста“. 

Денеска во Институтот за јавно здравје ќе биде организирана свеченост на која учениците ќе ги потпишуваат честитките и ќе побараат: Чист воздух во Новата година, а ќе одберат и каде да бидат испратени. Ќе им бидат врачени и благодарници за учество во проектот.

Ново на Сител